MY:TIME > Бенефиции за вработени > Ги славиме малите, но значајни моменти

Ги славиме малите, но значајни моменти

Веќе неколку години по ред ги славиме малите, но значајни моменти за нас и нашите вработени, односно родендените и јубилеите од вработување.

Како компанија која е сериозно посветена на едуцирање и секојдневно надоградување на знаењето, секој вработен во првата година од вработувањето по повод неговиот роденден добива книга која најчесто е со бизнис содржина. Од втората година па натаму, подароците се посуштествени и се трудиме да бидат баш по мерак на вработениот.

Во однос на јубилеите на нашите вработени, особено ни значат оние поголемите кои ги нарекуваме milestones (5 години и 10 години).

За среќа изминативе години имавме многу такви јубилеи и тоа е за нас најголемиот успех што досега како компанија го имаме постигнато.

Секако наградите се различни, но за нас најголема награда е што овие вработени одлучиле да бидат лојални на компанијата толку долг период. J