ВРЕДНОСТИТЕ НА MY:TIME

Еднаков пристап за сите

Секогаш се трудиме за еднаков третман кон сите вработени, без разлика на позицијата или временскиот период на работење.

Веруваме дека секој вработен заслужува фер и коректен пристап каде што сѐ може да се реши со отворен разговор и меѓусебна доверба.

Тимска работа

Тимската работа е онаа која што нè води напред бидејќи како индивидуи несомнено придонесуваме, но тимот е оној што е движечка сила.

Водени од нашето мото: Together we stand, Divided we fall (Со здружени сили можеме да одиме само напред, а доколку функционираме разединето можеме само да пропаднеме), особено цениме кога вработениот е тимски играч и умее да соработува со останатите колеги на правилен начин.

Поставување на реални очекувања

Главното правило по кое се водиме во нашата компанија е:
Не ветувај нешто што не си сигурен дека можеш да го оствариш.

Она кон кое што се стремиме е јасна и недвосмислена комуникација каде уште од самиот старт на нашата соработка отворено ги споделуваме очекувањата од двете страни и се трудиме истите да се остварат.

ОТВОРЕНИ ПОЗИЦИИ ВО MY:TIME

Стани дел од тимот на MY:TIME - Погледни ги отворените огласи.

Веруваме дека секој вработен е доволно свесен за одговорноста која ја има и колку може да придонесе во тимот како индивидуа, па затоа односот меѓу колегите на било кое ниво е секогаш пријателски, а не авторитетен.

ЧЕКОРИ ПРИ РЕГРУТАЦИЈА

1. Апликација

  • Го ажурираш твоето CV со најсвежи информации
  • Во делот Отворени позиции, ја селектираш посакуваната позиција, кликаш на Пријави се и го прикачуваш твоето CV
  • Ги пополнуваш и останатите полиња кои се задолжителни и со тоа аплицирањето е завршено

2. Интервју

  • Добиваш повик за договарање на првото интервју
  • Потребно е да имаш подготвено прашања за сè што те интересира во врска со работењето во компанијата
  • Доколку успешно го поминеш интервјуто, преминуваш во следна фаза (тестирање и технички дел)
  • Без разлика дали си ја добил работата или не, добиваш одговор од наша страна

3. Вработување и обука

  •  Доколку одлучиме да соработуваме, започнуваш со обука
  • Секој нов вработен добива ментор кој е задолжен за негова обука
  • Има многу информации за учење, но со напорна работа и соодветна мотивација може да се научи сè
Брендови
Продавници
Вработени
Позиција на пазарот

НАЈНОВО