MY:TIME > Кариера во MY:TIME > Задоволство на вработени

Задоволство на вработени

Мисијата на секторот за Човечки ресурси е „Секој вработен со задоволство и насмевка да оди на работа“, а за остварување на истата е потребен огромен труд и макотрпна работа. Но, ништо не е тешко кога ќе се погледне во насмеаните лица на нашите вработени, напротив дава поголем мотив за да може компанијата да биде уште подобро место за работа.

Но, за да знаеме дали се движиме во правилна насока или можеби некаде грешиме, мора да го слушнеме и гласот и размислувањата на вработените бидејќи на крајот на денот, тие се најважни.

Природно е дека не секој од нас се чувствува доволно слободен да каже се што мисли на глас бидејќи секој на различен начин го перцепира авторитетот, па затоа секоја година подготвуваме анонимни прашалници за мерење на задоволството на вработените. Нам не ни е битно кој точно вработен има да каже нешто, туку што има да каже и колку е тоа суштинско за промените кои треба да се случуваат и токму затоа анонимноста е загарантирана, а одговорите ни помагаат да ја креираме и годинешната стратегија, односно активностите кои е потребно да се преземат за да бидеме уште подобри и посреќни.

Доколку сакаш и ти да бидеш дел од тим каде што ќе се слушне твојот глас, аплицирај тука.