Веќе неколку години по ред ги славиме малите, но значајни моменти за нас и нашите вработени, односно родендените и јубилеите од вработување.
Како компанија која е сериозно посветена на едуцирање и секојдневно надоградување на знаењето, секој вработен во првата година од вработувањето по повод неговиот роденден добива книга која најчесто е со бизнис содржина. Од втората година па натаму, подароците се посуштествени и се трудиме да бидат баш по мерак на вработениот.