Покрај времето и вниманието кои ги посветуваме на нашите вработени во текот на целата година, пред крајот на истата, со задоволство одвојуваме особено внимание за да им дадеме признание на оние вработени кои во текот на годината по одредени нешта се истакнале со својот перформанс и вложен труд.
Како компанија воопшто не се штедиме кога станува збор за пофалби, благодарности и награди. Токму затоа, секоја година овој настан е особено важен и со нетрпение го очекуваме.
Наградите се во неколку категории и несомнено и непристрасно ги добиваат оние кои се најмногу заслужни за нив.

