Што значи мерење на индивидуалниот перформанс и зошто истиот е важен?
Иако повеќепати имаме споменато дека за нас како компанија од особено значење е тимската работа, подеднакво внимание и енергија посветуваме и на секој вработен индивидуално. Секој од нас е различен и нормално секој во различна мера се вложува во работата.
Мерењето на индивидуалниот перформанс е всушност наменето за да може без никаква пристрасност и влијание од човечки фактор да се утврди кој вработен во колкава мера ги исполнува своите обврски или кој се вложува и повеќе од тоа. Целта е да имаме квантитативен приказ за секој вработен како индивидуа каков работник е, и нормално врз основа на податоците кои се секогаш прикажани во форма на бројки, при претходно утврдени KPIs (Key Performance Indicators) да видиме кои се јаките и слабите страни на секој од нив. Јаките страни ги користиме во полза на тимот пред сѐ, потоа и за успешноста на компанијата, а слабите страни се фокусот за работа, каде што преку обуки и состаноци пробуваме да ги подобриме.
Со текот на времето и развојот на секој вработен, резултатите се позадоволни клиенти и поуспешни тимови.
Доколку сакаш одблизу да видиш како функционира евалуацијата на вработени и како овој начин на функционирање влијае врз вработените во нашата компанија, аплицирај тука.
