MY:TIME > Кариера во MY:TIME > Бонус – Мотив плус

Бонус - Мотив плус

Често се случува да се најдеме во ситуација каде што минимум еден поединец ќе се изјасни дека не би можел да работи во продажба, не гледајќи ја големата слика дека сѐ што правиме околу нас е еден вид на продажба. Пробуваме да ги продадеме нашите ставови и мислења во окружувањето со цел да бидат прифатени како такви, продаваме одреден производ од кој сме задоволни со самото тоа што го препорачуваме на наши блиски, кога аплицираме за одредено работно место пробуваме да се продадеме себе како најдобар кандидат итн.

Мотивот за успешна продажба е секогаш ист, поголема продажба носи и повисоки приходи. А како некој би бил мотивиран да продава повеќе доколку приходите на крајот на месецот се фиксни? Затоа секаде во светот, во малопродажбата се застапени бонуси од различен карактер, сѐ со цел да ги мотивираат продажните агенти да продаваат повеќе.

Бонусот всушност претставува еден тип на награда како резултат на остварена претходно дефинирана цел.

Во нашата компанија постојат тимски таргети, а согласно сработеното и  одреден бонус како награда.

Бонусите може да бидат и индивидуални, но за нас како компанија е најбитна тимската работа и веруваме дека обединетоста на сите членови носи секогаш поголемо задоволство, припадност за секој член во тимот и нормално задоволството и среќата од успешноста на тимот е секогаш на повисоко ниво бидејќи сите го делиме истото чувство на успех и исполнетост дека сме ја постигнале зададената цел.

Дефинирањето и поставувањето на таргетите задолжително треба да се заснова врз основа на статистики и бројки.

Ако те мотивираат и тебе таргети и сакаш да бидеш награден врз основа на тоа колку се трудиш и вложуваш во работата, ја очекуваме твојата апликација.

Аплицирај тука.