Обука за продажни и преговарачки вештини

Развојот на луѓето во организацијата е една од најкомплексните задачи на менаџментот на која посветуваме големо внимание.

Нашата култура промовира постојано учење и учењето кај нас никогаш не престанува. Развојот на нашите вработени и вложувањето во нивното знаење е еден од предусловите за задржување на талентите и напредокот на самата компанија. Инвестирањето во нив е од голема важност и е клучно за успех. Преку разни тренинзи и обуки им даваме шанса на вработените да се усовршат и да се доизградат како професионалци во овој сектор, но и да се спознаат подобро себе.

На 26.05.2022г. двајца наши вработени учествуваа на практична обука за Напредни продажни и преговарачки вештини со Миљан Димитријевиќ, организирана од Smart Events International.

Што кажаа присутните вработени за искуството:

Ми беше големо задоволство да присуствувам на обуката. Беше одлична можност да научам нови начини за унапредување на продажните резултати и да добијам насоки во кој правец да ги развивам моите вештини поврзани со продажбата во време на динамичен пазар. Од моја страна, ваквите обуки секогаш ќе ја имаат целосната поддршка бидејќи се од голема корист за нас”. – Aнгела Трпеска, заменик супервизор на продажен салон.

Оваа обука ни ги прошири знаењата во однос на преговарачки вештини, набавки и големопродажба, справување со приговори на клиенти и cross sale и up sale. Дефинитивно продлабочување на нови знаења од различни аспекти и одлична психолошка слика на клиентот, и како е различен пристапот кон истите. Беше одлично искуство, а знаењето со сигурност ќе го примениме, со цел да се подобри нашата услуга, која секогаш ни е на прво место.”Тања Ристовска, супервизор на продажен салон.