MY:TIME > Новости > Интерен натпревар – Mix & Match Fossil

Интерен натпревар – Mix & Match Fossil

Понесени од досегашното позитивно искуство со креативните натпревари од минатото, решивме да направиме уште еден интересен предизвик за нашите продажни асистенти.

Овој пат натпреварот беше поврзан со брендот Fossil, еден од најатрактивните брендови во нашето портфолио.

Вработените беа поделени по тимови, на ниво на продажен салон, и ова беше уште еден од примерите каде што тимската соработка и комуникација се покажаа како клучни за успех.

Како што кажува и самото име на натпреварот “Mix & match Fossil”, тимовите имаа задача да бидат креативни и да создадат инспиративна комбинација од парчиња накит и часовник од брендот, да направат убави слики и видео, а истовремено да се забавуваат 😊

Вработените навистина се внесоа во процесот, a трудот што го вложија беше препознаен и награден. Навистина беше тешко да се одбере победник, на крај одлучија нијансите.

Победничките тимови:

  1. место  –  MY:TIME Битола
  2. место  –  MY:TIME Палма мол
  3. место  –  MY:TIME Сити мол

Најдобрите тимови како награда добија часовници и накит по сопствен избор, а сите кои беа дел од предизвикот беа наградени со симболични подароци.

Подолу слики од комбинациитe: